fbpx

Предлог- законот за енергетика е во прилог на граѓаните, оцени Анѓушев

-

Предлог-законот за енергетика нуди европски решенија во енергетскиот сектор и е целосно хармонизиран со ЕУ-регулативите, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач.

– Покажавме политичка волја и капацитет да ги откочиме задоцнетите процеси во енергетскиот сектор во Македонија. Предлог-законот за енергетика е усогласен со третиот пакет на енергетски мерки на ЕУ, со што, ги исполнуваме обрвските преземени со потпишување на договорот за пристапување во енегетската заедница. За неспроведување на преземените обврски кон Македонија се покренати два спора, а со новиот закон, овие спорови ќе бидат анулирани. Она што е посебно важно е што со новиот закон, на граѓаните го враќаме одземеното право на избор – рече Бектеши.

Анѓушев посочи дека со предлог- законот се овозможува сигурност, стабилност, безбедност и квалитет во снабдувањето со енергенси на крајните потрошувачи.

– Предлог-законот е во прилог на македонските граѓани, ќе овозможи повисока конкурентност во поглед на снабдувањето со сите енергенси. Каде што постои конкуренција има намалување на трошоците, нема регулирани бизниси, нема неоправдани трошоци и ја нема комоцијата енергетските компании да пријавуваат неоправдани трошоци кои ќе ги плаќаат сите граѓани – потенцираше Анѓушев.

Денеска се одржа и јавна расправа во врска со предлог-законот, на која присуствуваа претставници од јавни и приватни компании од енергетскиот сектор, а која беше отворена и за претставниците на медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...