fbpx

Предлог законот за Јавно обвинителство во Собрание, Села бара обвинител од странство

-

Новиот предлог-закон за јавното обвинителство, денеска влегува во собранска процедура. Тој предвидува Специјалното јавно обвинителство да премине под капата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, како Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а со него да раководи обвинителката Вилма Русковска, која сега е прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

Алијанса за Албанците, преку својот претседател Зијадин Села, побара првиот човек на ова Oбвинителство да биде од странство.

Во новото обвинителство ќе бидат префрлени сите обвинители и истражители кои сега работат во СЈО. Новото обвинителство би требало да има свој буџет, кој ќе биде независен од владата и Собранието. Со преодните одредби, предвидено е законот да отпочне да се применува на 15 септември, кога и истекува мандатот на сегашниот состав на СЈО.

Од Министерството за правда очекуваат поддршка од сите пратеници, но велат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, велат од Министерството за правда.

И владејачката партија СДСМ денеска преку соопштение побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски „да покажат одговорност пред граѓаните и државата и да гласаат за Предлог Законот за јавно обвинителство кој денеска влегува во собраниска процедура е значаен за реформите, правдата и државата“.

„Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено. Со тоа СДСМ покажа конструктивност и одговорност“, порачаа од СДСМ.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА), има забелешки за владиниот предлог, и освен за назначувањето на Русковска, Села вели дека ќе се обидат да интервенираат амандмански во неколку главни области, меѓу кои и првиот човек на новото обвинителство да биде од странство.

Пратениците на АА ќе бараат прислушуваните материјали да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО, а ќе бараат и во Советот на јавни обвинители да нема има партиски членови, поранешни државни функционери кои биле членови на партија. Главното барање е јавниот обвинител да биде експерт од странство.

Села во новиот закон гледа обид за амнестирање на оние чиј криминал треба да го години СЈО, односно високите функционери од претходната власт.

-Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму – вели Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...