Владата на вчерашната 146. седница, со која претседаваше премиерот Зоран Заев, го усвои новиот текст на предлог – законот за Јавното обвинителство и е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

„Министерството за правда предложи, а Владата прифати во собраниска постапка да биде пуштен и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители заради терминолошко усогласување со предлог-законот за Јавно обвинителство“, велат од Влада.