fbpx

„Пред дождот“ на литературен фестивал во Тајван

-

Македонско-британско-француската копродукција на режисерот Милчо Манчевски, филмот „Пред дождот“ минатата недела беше прикажан на Литературно-филмски фестивал во Тајпеј, Тајван.

Оваа година, покрај редовната филмска програма во која беше прикажан филмот, фестивалот имаше и специјална филмска програма посветена на филмови снимени по делата на чешкиот писател Бохумил Храбал.

Исто така, на фестивалот со предавање учествуваше и најпознатиот тајвански режисер Цаи Минг-лианг, чиј филм „Да живее љубовта“ во 1994 година рамноправно ја подели наградата „Златен лав“ во Венеција со „Пред дождот“.

Најтрофејниот македонски филм, „Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од „Њујорк тајмс“ и освои повеќе од 30 меѓународни награди, меѓу кои и „Златен лав“, номинација за „Оскар“, ФИПРЕСЦИ, „Давид ди Донатело“, „Сребрен кондор“, награда на УНЕСКО.

Филмот е прикажан на повеќе од 100 фестивали, како и во редовна кино и телевизиска дистрибуција во повеќе од 50 земји на сите континенти.

Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеозаписот од филмот во едиција со Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од задолжителната наставна програма во средните училишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...