Работник во фирма од Пехчево вчера бил повреден при работа во шума, при што паднал и починал на лице место. Станува збор за 65-годишен пехчевец, за кого во полицијата било пријавено дека починал при работа.

Полицијата соопшти дека вчера (среда,29.04.2020) во 10.50 часот во Полициската станица – Берово било пријавено дека, С.В.(65) од Пехчево вработен во фирма, бил повреден при работа во шума, на место викано „Равно борје“ во Пехчево, по што починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово и службени лица од Државниот инспекторат за труд  од Берово.

Уште една повреда на работа е регистрирана вчера во полицискиот билтен.

Градежен работник од Кочани, паднал од куќата што ја градел и завршил со повреди, по што е пренесен во болница. СВР Штип соопшти дека вчера (среда, 29.04.2020) во 15.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 14.45 часот, при изведување на градежни работи на куќа во изградба на ул.,,Бел Камен“ во Кочани, Ј.С.(63) од Кочани паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Општата болница Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.