fbpx

Пребукирани фирмите што вградуваат плински уреди, граѓаните нервозни за субвенциите

-

Откако Министерството за економија викендов го објави повикот за субвенции за вградување плински уреди во возилата, фирмите што вградуваат плински уреди се пребукирани, а многу граѓани што сакаат да искористат субвенција нема да може тоа да го направат оти речиси сите фирми немаат слободни термини за месецов. Рокот за поднесување барање е до 2 декември.

Проблем е што за субвенциите кои може да изнесуваат максимум 50 проценти од вредноста на вградувањето уред, но не повеќе од 18.000 денари, се предвидени 15 милиони денари или околу 244 илјади евра, а парите се доволни само за околу 900 возила од 145 илјади патнички моторни возила што се регистрирани со година на производство од 2005 – 2018 година.

Граѓаните се нервозни оти и да добијат термин на крајот на месецот, нема да може да ги исполнат другите услови, односно треба да се впишат промени во сообраќајната дозвола, за што исто така се потребни неколку денови. Доделувањето субвенции ќе се одвива по принципот „Прв дојден – прв услужен“.

Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши, за да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, односно 1 ноември.

– Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката. Во МВР на сопственикот му се издава упатница, која ја доставува до техничката служба, за да биде извршена проверка на сообразноста на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото, изготвува записник и издава атест и пропратно писмо. Со Потврдата и писмото, сопственикот се упатува на шалтер на МВР (во техничката служба или станица за технички преглед) каде добива нова сообраќајна дозвола во која е евидентирана преправката односно дека е ммонтиран уред за погон на ТНГ, метан или слично- појасни Бектеши.

Мерката создава нервоза кај граѓаните, а поради малата бројка возила – односно околу 900, се почесто во јавноста се слушаат мислења дека до субвенциите ќе дојдат само „политички подобните“.

Дополнително, парите се доволни само за околу 900 возила од 145 илјади патнички моторни возила регистрирани со година на производство од 2005 – 2018 година, што како мерка за борба против загадувањето на воздухот е минорно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...