Православните христијани го слават Божиќ

Денеска православните христијани го празнуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божиќ.

На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат.

Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.

Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко, слават именден на Божиќ, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Свети Стефан. Од Божиќ почнуваат дванаесетте таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до Водици, денот кога Исус бил крстен.