fbpx

Православните христијани го слават Божиќ

-

Православните христијани денеска го слават Рождеството Христово – Божиќ, а во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, ќе богослужи Златоустова литургија.

По повод Божиќ, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога.

Честитка до сите православни граѓани и до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, упати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев
„Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите. Треба да се почитуваме, да се сакаме, да се разбираме едни со други, да се грижиме едни за други. Така, ќе создадеме општество на свесни и на одговорни граѓани кои сакаат, можат и знаат да придонесат кон спокоен живот за себе и за сите во него“, се вели во честитката од Заев.
И министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите вработени во Министерството, припадници на Армијата и сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповед им го честита Исусовото раѓање – Божиќ.

„Нека нашите срца бидат исполнети со радост, среќа, почит, добрина и со љубов, а овие вредности нека нè водат во годината пред нас. Така ќе бидеме посилни да се справиме со предизвиците со кои се сретнуваме секој ден, во домот и на работа. Апостол Павле им порачува на Филипјаните да мислат само на она што е чесно, што е праведно, што е прекрасно и за восхит и истото да го применуваат во нивниот живот“, вели Јолевски во честитката и повикува да се присетуваме на сето она што припадниците на Армијата го прават за мирот и за благосостојбата на другите, во и надвор од Република Македонија.

И лидерот ДУИ, Али Ахмети, упати честитка по повод Божиќ.

„Почитувани сонародници, браќа и сестри Албанци од православна христијанска вера, овој празник на надежта и вербата нè наоѓа во момент кога во Собранието на Република Македонија, сега веќе, имаме и еден пратеник православен Албанец. Со гордост го нагласувам овој факт како еден пример на нашата вековна традиција на хармонија, почит и на братство. Со надеж и со верба дека оваа година ќе биде година на меѓуалбанската соработка, ви посакувам среќен Божик, здравје, благослов и среќа во вашите семејства“, се вели во честитката од Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...