fbpx

Пратениците се поправија, го усвоија извештајот на Народниот правобранител

-

Собранието попладнево го прифати извештајот на Комисијата за политички систем за спроведување на препораките за надминување на констатираните состојби содржани во извештајот на Народниот правобранител за почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година.

Со ова, како што изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, се поправа грешката со неусвојувањето на извештајот направена на седницата во понеделникот, оваа недела, поради, како што рече недоволна координација на пратеничките групи и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Препораките на Народниот правобранител вчера беа на повторно разгледување во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, по што повторно беа ставени на дневен ред и усвоени на денешната седницата, но, овој пат како извештај на Комисијата. Ова, како што рече Тунтев, е направено во договор со четирите најголеми парламентарни партии.

На ваков начин, рече Тунтев, ќе се овозможи спроведувањето на клучните реформи во државата, кои што ќе значат унапредување на демократските процеси во земјата и вистински напредок на демократијата.

Собранието претходно денеска ги верификуваше мандатите на пратениците Костадин Ацевски и Агим Муртезанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...