fbpx

Чекор поблиску до одземање на мандатите на СДСМ

-

Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Колегите од Собранието едногласно гласаа дека отсуството на опозиционерите изминатите шест месеци е неоправдано, затоа што ниту еднаш не се појавиле ниту на пленарна седница ниту, пак, на некое од работните тела на Собранието, а не најавиле или донеле некакво оправдување за тоа.

– Вкупно 31 пратеник од опозицијата, во период од шест месеци, од 10 јуни до 10 ноември, отсуствувале на вкупно 40 седници. Тие не учествувале на седниците и не го известиле претседателот на Собранието за отсуствата поради што констатираме дека биле неоправдано отсутни – рече претседателот на Комисијата, Александар Николовски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на Конференција за рамномерен регионален развој, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека ставовите на СДСМ се јасни и оти тие се подготвени да разговараат за темите што ги нотирале.

– Од 10 март молиме да им бидат одземени мандатите на пратениците и поднесовме и оставки. Останува на парламентарното мнозинство и, пред сè, на двотретинското мнозинство да ја донесе одлуката. Каква и да е одлуката, ќе ја почитуваме. Нашите ставови се јасни. Петте барања провејуваат и во сите извештаи на ОБСЕ, ОДИХР, Европска Унија и на Стејт депарментот – изјави Заев пред почетокот на Конференцијата за рамномерен регионален развој што денеска се одржува во Скопје.

Заев кажа дека нема да отстапат од ниту едно од нивните барања, додека, пак, за „бомбата“, која ја најавува извесен период, лидерот на СДСМ повтори дека аргументите и доказите со кои располагаат, ќе бидат обелоденети во оној момент кога ќе проценат дека се создадени услови за тоа.

– Во моментот кога ќе бидеме уверени во успешно сценарио на тоа што ќе го правиме, ќе ја споделиме вистината со граѓаните. Тие заслужуваат да ја знаат вистината од почеток до крај и тоа ќе се случи – рече Заев.

Заклучокот на комисијата треба да биде доставен на наредната седница, каде за негово конечно усвојување ќе бидат потребни гласовите на најмалку 82 пратеници.

Професорката Рената Дескоска, која е пратеник во оставка на СДСМ на својот фејсбук профил напиша:
„Јас во школо не сум имала ниеден неоправдан изостанок. На насилието на ВМРО-ДПМНЕ нема крај! Денес слушам пратениците во оставка биле неоправдано отсутни. ВМРО-ДПМНЕ неспоивите работи ги спојува! Како може да цените отсуство на некој кој е во оставка?! Ова не е ништо друго освен уште една злоупотреба на Трајко Вељаноски! Ако некој цени дека ние сме биле неоправдано отсутни, тогаш за тоа е виновен Трајко Вељаноски кој ја злоупотребува својата положба со тоа што не ги констатира нашите оставки! А да го потсетиме дека за таквата злоупотреба не важи пратеничкиот имунитет! Нека си го препорочита Уставот! А злоупотреба на службена положба е кога со искористување на службената положба некому му правите штета… Од било кој вид, вклучувајќи ја и штетата на честа и угледот! Јас никаде, дури ни во школо не сум имала ниеден неоправдан изостанок! “

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...