fbpx

Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик

-

Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза.

– Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска – рече Димовски.

Независната пратеничка Солза Грчева рече дека договореното помеѓу политичките партии е фарса и дека бројката спорни гласачи во Избирачкиот список е смешна. Според неа решението е да се направи попис а не да се прочистува Избирачкиот список.

– Фарсата со Договорот од Пржино продолжува и не знам зошто помина година дена, со нов состав на ДИК и од сето тоа што добивме? 39.500 спорни лица. Секому му е јасно дека Македонија не може да има 1.8 милиони гласачи но сите вие потпишавте договор. Не ми е јасно зошто за овие избирачи би имало активна регистрација. Ваков мајтап нема во целот свет. Цифрата е смешна. Ги повикувам овие граѓани доколку се појават на избирачко место со валиден документ, а ги нема на избирачки список да ги тужат партиите. Граѓаните се жртва на ваквиот несериозен однос – вели Грчева.

Претходно пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, предложи предлог-законот да се повлече од дневен ред поради технички грешки и да се усогласи текстот, но неговиот предлог не беше прифатен.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, на прес-конференција рече дека во договорот што партиите го постигнаа пред два дена се предвидени рокови и решенија за сите прашања, а дека СДСМ ќе инсистира тие да се испочитуваат за да има избори во декември годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...