Ријад Шаќири со навреди кон Илире Даути: Да беше маж поинаку ќе зборувавме

За време на вчерашната расправа на Собраниската комисија за образование, наука и спорт на која се расправаше за Предлог законот за средно образование во второ читање, пратеникот Ријад Шаќири ѝ се обрати на пратеничката со сексистички речник, пишува Порталб.мк

-

Сексизмот и родовата дискриминација во Северна Македонија се присутни и во законодавниот дом. Пратеникот од редовите на ВЛЕН, Ријад Шаќири, употреби сексистички изјави кон пратеничката од Европскиот фронт, Илире Даути, пишува Порталб.мк.

За време на вчерашната расправа на Собраниската комисија за образование, наука и спорт на која се расправаше за Предлог законот за средно образование во второ читање, пратеникот Ријад Шаќири ѝ се обрати на пратеничката со сексистички речник.

„Илире, внимавај кому му викаш да го исклучи микрофонот, внимавај кому му викаш да го исклучи микрофонот… Илире, не ја злоупотребувај мојата хуманост што те третирам како жена, затоа што да беше маж, поинаку ќе зборувавме. Да беше маж, поинаку ќе зборувавме“, рече Шаќири.

На ваквата изјава реагираа од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кои истата ја оценија за неприфатлива, срамна и заканувачка.

„Ова однесувањее недозволиво и е чист чин на родова дискриминација за која нема место во една институција како што е Собранието. ДУИ веднаш бара оставка од пратеникот Ријад Шаќири. Еден поединец кој демонстрира такво неприфатливо однесување не може да има јавна функција и да води со такви примери на вербално насилство и дискриминација. Ги повикуваме сите надлежни институции итно да реагираат и да се погрижат овој чин строго да се казни“, велат од ДУИ.

Реакцијата на ДУИ од ВЛЕН ја оценија како иронична.

„Ја слушнавме и оваа иронија. Али Ахмети, кој некогаш пцуеше 700 илјади мајки Албанки, сега ја брани родовата еднаквост. ДУИ на Артан Груби, која ја елиминираше конкуренцијата со „ликвидирање“ на жените од партијата, сега се бори за родова еднаквост. Во ДУИ нема родова еднаквост, нема ни почит кон мајките и Албанките. Има само криминал и корупција. Албанките и мајките не се залажуваат затоа што не ги заборавиле навредите што им ги упативте, мајките Албанки имаат добра меморија, долго ќе се сеќаваат на прислушувањата, кога Али Ахмети навредуваше 700 илјади мајки Албанки. Затоа, ќутете, не ни зборувајте за родова еднаквост затоа што не ви личи. Побарајте прошка, покајте се за вашите злогласни дела и реформирајте се“, рекоа од ВЛЕН.

Изјавата на Шаќири како скандалозна и штетна ја оценија и од Центарот за еднакви можности „Молекуќја“.

„Собранието треба да биде пример за цивилизираност, а не спротивното. Изјавата на пратеникот е крајно сексистичка и штетна за општеството бидејќи илустрира еден лош пример кој ги зајакнува родовите стереотипи. Однесувањето кон другите треба да се заснова на почит и еднаквост, без разлика на нивниот пол“, изјавија од „Молекуќја“ за Порталб.мк.

Инаку, жените во политиката во Македонија сè уште се мета на говор на омраза заснован на нивниот пол. Политичката арена е особено брутална и безмилосна кон нив. Во неа „летаат“ навреди, сексизам, објективизација и говор на омраза, со цел да им се отежни политичкото дејствување и тие да се обесхрабрат и деморализираат. Експертите се децидни дека за да се постигне еднаквост потребен е поголем напор.

ИзворПорталб

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...