Пратеникот Реџепи самоволно се засолнил, бидејќи добивал закани по живот

-

Пратеникот Кастриот Реџепи, којшто не се појави на собраниската седница за гласање доверба на владата во четвртокот, денеска одржа прес-конференција во Собранието.

Тој рече дека на денот на гласањето доверба на владата самоволно се засолнил за да не дозволи земјата да отиде во правец спротивен на неговите убедувања и стратешката определба.

„Се надевам дека разумот ќе надвладее во деновите пред нас, верувам дека се можни мостови меѓу нас, јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. За земјата сега е важна стабилизација за да се справи со енергетската криза, пандемијата, не се потребни нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство“, изјави пратеникот Реџепи.

На прес-конференцијата тој додаде дека првично мислел во четвртокот да дојде и да гласа против интерпелацијата на владата, но така ќе бил единствениот пратеник што гласа така. Реџепи рече дека земјава не е скандинавска, па затоа донел одлука да се засолни, а за тоа не кажал ниту на семејството.

Реџепи појасни дека откога не се појавил во Собранието добивал пораки со закани по живот, при што ги известил институциите за тие пораки.

Инаку, пратеникот Кастриот Реџепи првично се потпиша на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за свикување на собраниска седница за гласање доверба на владата, но откако не се појави на неа, лидерот на Движењето БЕСА Билјал Касами најпрво го пријави за исчезнат во полиција откако не се појави на седницата, а откога излезе на Фејсбук со свој став, БЕСА еден ден потоа го исклучи пратеникот Реџепи од своето членство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина врати 103 воини од руско заробеништво

Украина успеа да врати уште 103 воини од руско заробеништво, пренесе агенцијата Украинформ. Претседателот Володимир Зеленски денеска напиша на Телеграм дека во Украина се вратиле 82 војници и 21...