Фото: Министерство за правда

Собранието денеска ги констатираше оставките на пратеникот Мирослав Богдановски од Демократска обнова на Македонија (ДОМ) и на членот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Дино Дрпљанин.

И Дрпљанин и Богдановски не ги образложија своите оставки на седницата.

Во пратеничката фотелја на Богдановски ќе седне Даниела Николова од СДСМ, со што оваа партија доби уште еден пратеник. Претходно, Анета Симеска-Димоска одбила да биде пратеничка бидејќи била именувана за в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат.