fbpx

Пратеник ја обвини Анкара дека ги подгрева поделбите во Македонија со нова политичка партија на Турците

-

Пратеник од Партијата на националистичкото движење (ПНД) ја обвини турската влада дека ги подгрева поделбите меѓу Турците во Македонија со тоа што дозволува во земјава да се формира нова партија на Турците, која ќе дејствува во целосна согласност со владејачката турска партија.

– Нова политичка партија, покрај постојните три партии на Турците се формира во Македонија – изјавил пратеникот Луфту Туркан за турскиот весник „ Тудејс заман“( Today`s Zaman).

Туркан, кој потекнува од семејство кое се иселило од Македонија во Турција, смета дека новата политичка партија ќе ги ослаби напорите на Турците во Македонија да дејствуваат како силна етничка група. Тој тврди дека новата партија ќе ја основа Сулејман Баки, претседавач на Здружението за култура и добротворност „Енсар“ во Македонија. Според нег,о во земјава има околу 120.000 припадници на турската заедница.

Шенол Мемиш, претседател на Tурско-македонската асоцијација „Мустафа Kемал Ататурк“, вели дека според неговите информации, партијата на Реџеп Таип Ердоган треба да формира партија во Македонија, но тоа е сè уште само најава. Мемиш вели дека ако новата партија си постави цел, да се обраќа кон сите граѓани, а не само кон Турците, тогаш може да постигне некаков успех. Но, ако целта на партијата е да се обиде преку националност да добива поени и симпатизери, тогаш нема да успее.
– Според последниот попис, во Македонија има околу 80.000 Турци, иако тој беше многу одамна, а и три политички партии се премногу за овој број граѓани. Но, ако новата партија понуди нешто ново и поинакво од досегашните партии, тогаш не гледам ништо лошо во тоа таа да се оформи – вели Мемеш.

Тој додава дека според Рамковниот договор, помалите заедници трпат штета од албанската заедница. Мемиш вели дека рецептот за успех е новата партија на прво место да го има граѓанинот, а не поединецот-Турчин.
– Јас не гледам зашто пратеници од Турција би требало да се мешаат во тоа што се случува во Македонија и дали треба или, пак, не треба да се формира уште една партија. Сепак, таа партија ќе се формира во Македонија, според македонски закони и Устав – вели Мемеш.

Туркан во парламентот минатата недела изјавил дека „еден овчар во Македонија лично му се пожалил дека се плаши да стави „лајк“ на Туркановиот фејсбук-профил, оти може ќерка му, која студира во Измир, да биде нападната од припадниците на владејачката партија во Турција“.

Тој, исто така, вели дека поради внатрешната поделба, Турците во Македонија не можат да дојдат до речиси ниту една јавна функција иако, според Охридскиот договор, им следуваат 1,7 проценти од функциите.
– Кога некој во Македонија ја критикува владејачката партија во Турција, веднаш друг му се заканува дека никогаш нема да му биде дозволен влез во Турција – вели Туркан за „Тудејс заман“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...