Нема активно горење во магацините на рециклаторот „Ф-Групација“ во Трубарево, а пожарот е ставен под целосна контрола, информираше утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Сепак, на локацијата сѐ уште има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот со кои се затрупа отпадот што гореше. Ангелов вели дека во моментов преостанува да се затрупа уште дел од опожарената површина, додека пожарникарирте истураат вода врз песокот за да се догасне пожарот.

 

„Благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на скопските пожарникари, но и целокупната организирана акција за гаснење на пожарот во Трубарево во магацини за пластичен и електронски отпад спасени се четири објекти во околината во кои стои спакуван пластичен отпад“, вели Ангелов.

Фото: ДЗС

Во текот на ноќта на локацијата се истурени песок во делот каде што се складирани отпадните батерии и електронскиот отпад и земја каде што има пластичен и друг отпад. Ангелов вели дека пожарникарите работеле цела ноќ и дека пожарот е изгаснат, но има чадење, заради што денеска ќе се работи на догаснување.