Фото: Мета.мк

Утрово гореше шума на Водно, а пламенот беше видлив и од центарот на Скопје. Според информации од Противпожарната бригада на Град Скопје, огнот се раширил на месноста Марково крувче. Пожарникарите веќе некое време се на лице место, огнот е ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење.

Зафатената површина од пожарот на Водно; Фото: Фејсбук профил на Противпожарна бригада на Град Скопје

Дополнително, се очекуваат информации за тоа на колкава површина се раширил пожарот и проценка на штетата која е направена. Од Противпожарната бригада апелираат да се внимава при посетата на шумите, бидејќи на актуелните високи температури многу е лесно да започне пожар.