Состојбата со пожарот што го зафати Националниот парк „Пелистер“ утринава е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информираат од Општина Битола
„Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори, а таму се и нашите екипи. Уште еднаш апелирам за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа“, објави на социјалните мрежи градоначалникот Коњановски.
Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.
Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.
