Од центарот за управување со кризи утрово соопштија дека три хеликоптери, два на МВР и еден на АРМ, во 05.00 часот започнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и ПП возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со ПП возила на ДЗС. Споре МВР утрово од 5 до 9 часот исфрлени биле повеќе од 30 тони вода и сè уште активно оперираат на теренот.
Едниот крак од пожарот, како што информира директорот на ДЗС, утрово бил ставен под контрола по прецизно дејство на полициските хеликоптери вклучени во гаснењето на огнената стихија.
Според ЦУК на територијата на целата земја моментално има четири активни пожари. Едниот пожар е во Општина Прилеш, с. Бешишти којшто е приземен во мешана шума.
Во општина Македонски Брод, с. Црешнево има активен пожар со деградирана дабова шума и грмушки. Во општина Чашка,
под Солунска глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар)
И последниот активен пожар е во обиштина Чучер Сандево, помеѓу с. Блаце и с. Чучер кој е со мешана шума и ниска вегетација. Овој пожар се става под контрола.
