fbpx

Пожарите на два автомобила во Штип не биле подметнати

-

Штипската полиција денеска соопшти дека пожарите во кои на 20 јануари изгореа две возила, а уште три беа оштетени, не биле подметнати туку настанале поради неисправна електрична инсталација во возилата.

– Водени се разговори со сопствениците на возилата и со очевидци, при што е констатирано дека не постојат основи за соменвање дека пожарите на возилата, марка „ауди“ и „фолксваген венто“, се подметнати, туку настанале од неисправна електрична инсталација, по што од пожарот биле зафатени уште три возила, кои биле паркирани до опожарените – изјави портпаролката на Секторот за внатрешни работи Штип, Гордана Панајотова.

Во изминатите неколку дена во Штип во пожари изгореа уште неколку автомобили. Последниот случај беше регистриран викендов, кога пожар избувна во предниот дел на такси-возило, а од пламенот беше оштетено уште едно возило паркирано до него.

Штипјани коментираат дека не се случило среде зима, на негативни температури, да горат возила и тоа неколку за краток период, што ги подгреа шпекулациите дека пожарите, можеби, биле подметнати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...