fbpx

Пожарите ја опустошија шумата во Источна Македонија

-

Долготрајниот сушен период во Источниот регион, без капка дожд последниот месец го следеа два големи пожари. Огнот голтна над два хектари квалитетна борова шума во беровско, а изминатиот викденд пожарникарите гаснеа оган на над 10 километри шума во кочанско.

Два дена гореше шумата во месноста „Паркачо“, што се наоѓа меѓу беровските села Смојмиорво и Чифлик. Ветерот уште толку ја усложнуваше работата на пожарникарите, на кои им се придружија и вработените од Шумско стопанство и жителите. Првичните сомневања се дека е можно пожарот да е подметнат, но не се исклучува и случајно да била зафатена шумата по палењата на стрништата од страна на земјоделците. Надлежните повторно упатија апел да не се палат стрништа, особено во вака сушен период, кога огнот лесно се шири.

Пожарникарите од Кочани два дена гаснеа пожар кај кочанското село Пресека. Зафатени се над 10 хектари со даб, бука и бор. По 12 часа гаснење, поради непристапен терен, прекинато е со гаснење и продолжено наредниот ден. Командирот на Територијалната противпожарна единица, Благој Паунов рече дека пожарот е дело на човечки фактор и голема е веројатноста да бил подметнат, што е предмет на истрага.

Во период на подготовка за зима, голема е побарувачката на огревно дрво. Не ретко граѓаните се одлучуваат да купат од дрвокрадци, кои кубик дрво нудат за цена пониска од 1.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...