Министерството за внатрешни работи денеска во билтенот соопшти дека вчера избил пожар во Министерство за одбрана и во Генерал-штабот на АРМ.

Пожарот се случил околу 17 часот, поради дефект во електрична инсталација во зградата, при што бил зафатен и дел од покривната конструкција.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а материјална штета дополнително ќе биде утврдена.