Четворица од евакуираните веќе биле во сериозна состојба поради коронавирусот и биле под зголемен мониторинг, соопштија властите. Телото на едно лице било пронајдено на вториот кат, соопштија од противпожарната служба.

Не е јасно што го предизвикало пожарот. Видео снимка од локацијата покажува густ црн чад како излегува од два прозорци на долниот кат од објектот и пожарникарите се качуваат до прозорците.

Триесет пожарникари со 11 противпожарни возила се бореа со пожарот, кој веќе е изгаснат.