fbpx

Пожар на ирански танкер во близина на Кина

-

Кинеската државна телевизија објави дека постои ризик нафтен танкер што се запалил по судир со товарен брод во близина на источниот брег на Кина да експлодира и да потоне.

Се наведува дека спасувачките тимови од три држави се обидуваат да пронајдат 32 исчезнати членови на екипажот и да запрат излевање нафта од запалениот брод што превезувал 136.000 тони нафта односно кондензат, што е вид на ултра лесна нафта, поопасна за околината отколку сирова нафта.

Медиумот повикувајќи се на кинески официјални лица јави дека никој од 30 Иранци и двајца државјани на Бангладеш кои исчезнаа во саботата до утрово не се пронајдени.

Нафтениот танкер Санчи регистриран во Панама пловел од Иран кон Јужна Кореја кога во Источното Кинеско Море на 257 километри од Шангај се судрил со брод што превезувал жито. Кина, Јужна Кореја и САД испратија бродови и авиони во потрага за екипажот на Санчи. Екипажот на другиот брод кој бил кинески е спасен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...