fbpx

Повторно земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер во Петриња

-

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово повторно ја стресе областа Петриња, а хрватските медиуми јавуваат дека многу жители на тоа место излегле од страв на улиците.

Земјотресот е регистриран во 9.03 часот, на три километри југозападно од Сисак на длабочина од два километри. Интензитетот во епицентарот изнесувал 5 степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресите во подрачјето на Петриња почнаа на крајот на минатата година, на 29 декември, кога по неколку помали потреси претходниот ден, се случи и разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, кој нанесе големи штети. Оттогаш во поширокото подрачје се случија голем број земјотреси, со помал интензитет.

Како последица на потресите, од крајот на минатата година, во поширокото подрачје се отворија повеќе од 80 пропасти, односно дупки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...