Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08 до 12 часот, спровела акциска контрола за контрола на возилата со кои се врши јавен превоз на патници низ земјава. При контролата санкционирани се 74 возила, информираа денеска од МВР.

Најмногу од санкционираните возила, вкупно 28, се на територијата на СВР Тетово, додека 15 се на територијата на СВР Штип.

Притоа, од полицијата велат дека најголем дел од санкциите се за неисправен уред за кочење, вкупно 39. Пет од возилата кои вршеле јавен превоз на патници имале неисправен уред за управување, додека кај другите возила се констатирани други прекршоци за кои се поднесени соодветни поднесоци.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел обезбедување на поголема безбедност на патиштата во државата“, информираат од МВР.