Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

„Тие што го споменуваат Али Ахмети, треба да му бацат рака. Да му ги измијат нозете и да ја пијат водата, затоа што тој ви овозможи да бидете тука каде што сте денес“, рече Талат Џафери.

-

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави и говор еден кон друг, пишува Порталб.мк.

Од говорницата на Собранието на 10 јануари  двајцата пратеници првично ги спомнаа членовите на семејството.

„Да го поздравиш многу татко ти, и ти предлагам да не навлегуваш многу во детали за одредени теми“, му рече Џафери на Шаќири.

А Шаќири изјави: „Сакам само да ве потсетам на едно: срамота е да се зборува за семејни работи“.

Препукувањата меѓу двајцата пратеници со недолични зборови продолжи и на 21 јануари.

Џафери им кажа на пратениците на ВЛЕН дека ако не бил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тие немало да бидат тука каде што се денес.

„Тие што го споменуваат Али Ахмети, треба да му бацат рака. Да му ги измијат нозете и да ја пијат водата, затоа што тој ви овозможи да бидете тука каде што сте денес“, рече Џафери.

По оваа изјава реагираше Шаќири.

„Во врска со тоа што го кажавте за миењето на нозете на Ахмети и пиењето на таа вода, морам да ве потсетам дека во нашите редови имаме двајца оџи кои, не дај Боже да го мијат г. Ахмети и никогаш да не се врати“, рече Шаќири.

Фразата „поздрави го татко ти“ Џафери повторно ја употреби кон Шаќири на 21 јануари.

„Што се однесува до оџите, сета почит, но не и за тој што дење е оџа, а ноќе лицемер, да не кажам потежок збор“, рече Џафери.

По овие препукувања, следуваше официјална реакција од Демократската унија за интеграција кон пратеникот на ВЛЕН, Ријад Шаќири.

„Овој јазик не само што е деградација на политичката дебата, туку ги шокираше и граѓаните, кои вчера со право ја изразија својата згрозеност поради таквото однесување. ДУИ ја повикува партијата ВЛЕН веднаш и јасно да се огради од овој срамен јазик и да престане да користи реторика која ги нарушува принципите на почитувањето и човечкото достоинство“, изјавија од ДУИ.

Од коалицијата Влен за Порталб.мк велат дека повтореното ‘ad hominem’ однесување на пратеникот Талат Џафери кон пратеникот Ријад Шаќири е неприфатливо и создава непотребни тензии во Собранието.

“Пратеникот Шаќири реагираше на ваквиот пристап, бранејќи го своето достоинство. Потребно е собраниските дебати да бидат конструктивни и насочени кон интересите на граѓаните“, велат од Влен.

Потсетуваме дека пратеникот Ријад Шаќири во декември 2024 година употреби сексистички јазик кон пратеничката Илире Даути, на која и рече „не ја злоупотребувај мојата хуманост што те третирам како жена, бидејќи да беше маж, поинаку ќе зборувавме“.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...