fbpx

Повторно нападната новинарската екипа на ТВ24 на протестот „За заедничка Македонија“

-

Екипата на „Телевизија 24“ вечерва повторно била нападната на протестот „За заедничка Македонија“. Како што соопштија од телевизијата, нивниот новинар и снимател биле туркани и влечени додека професионално си ја извршувале работата.

Новинарот Христијан Баневски, кој секојдневно ги следи протестите, вели дека режисерот Борис Дамовски, кој е еден од организаторите на протестот „За заедничка Македонија“, пред да почне туркањето саркастично му рекол да се тргне за повторно да не биде повреден.

– Дамовски само мене од сите новинари ми рече „Те молам, тргни се за повторно да не бидеш повреден“. Саркастичната порака се однесуваше за тоа што во петокот ми се случи, кога ме удрија со знаме – вели Баневски.

Новинарот на „Телевизија 24“ во петокот минатата недела, додека известувал од протестот, доби два удари во глава со стап од знаме. Тогаш еден од организаторите на протестот, Богдан Илевски, познат како Бетмен Велит, изјави дека веројатно лицето не знаејќи како се вее знаме, го удрил новинарот. Претходно вербално нападната беше и екипата на телевизија „Телма“, додека новинарот и снимателот на „А1он“ беа физички нападнати додека го следеа првиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“, по што со потрес на мозок завршија во Ургенстниот центар во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...