fbpx

Повторно може да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште

-

Граѓаните од вчера повторно можат да поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во Управата за имотно правни работи.

Вчера стапија на сила измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои граѓаните повторно може да поднесуваат вакви барања, откако на 15 декември 2014 година истече претходниот рок.

Со барањето треба да се приложат фотокопија од лична карта или пасош, доказ за правна основа врз основа на кое е стекнато правото на користење на земјиштето (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен орган) и податоци за земјиштето, односно имотен лист од катастар на недвижности или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи во општината во која се наоѓа земјиштето.

Барањата може да се поднесуваат до 31 декември 2021 година, информираат од Министерството за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...