fbpx

ОНА ја презема одговорноста за експлозиите во Тетово и во Куманово

-

Ослободителна народна армија (ОНА) денеска повторно испрати коминике, во кое ја презема одговорноста за, како што стои во дописот, „бомбашките напади“ на полициските станици во Тетово и во Куманово, објави телевизијата „Алсат -М“.

Во коминикето, испратено по електронска пошта, покрај нападите на полициските станици во овие два града, се наведени и напади на полициски станици во Скопје и во Гостивар, за кои нема информации во земјата дека воопшто се случиле.

„Вечерта на 9 декември, во 20 часот, извршени се координирани напади од страна на единици на ОНА на полициска станица во близина на Бит Пазар, Тетово, Гостивар и во Куманово“, стои во дописот.

Во коминикето, потпишано од извесен „Командант Куштрим“, е содржана и политичка изјава, во која се предупредува дека земјата се наоѓа пред нова војна и го повикува меѓународниот фактор да интервенира за да се избегне ескалација на ситуацијата.

„Албанците имат што да кажат за името, знамето и за националните симболи и треба да се биде внимателен со нив во текот на процесот. Да се ослободат сите лица затворени во монтираните судски процеси, а одговорните за овие монтирани процеси да се казнат. Им порачуваме на сите псевдопатриотски политички говорници, кои покажуваат сила само на интернет, со изнесување безнадежни политички тврдења, да не бидат користени и да не им служат на шовинистичките власти во Македонија“, стои во коминикето на ОНА, пренесува „Алсат – М“.

Од МВР за „Мета“ велат дека не е првпат да се испраќаат вакви соопштение и дека во моментот Министерството е насочено на истрагата за откривање на лицата одговорни за случаите во Тетово и во Куманово.

– Несериозно би било МВР да коментира вакви соопштенија, туку сериозно да ја води истрагата за расчистување на случајот со предизвикувањето на општа опасност во Тетово и во Куманово. Сè уште се работи на утврдување на идентитето на лицата одговорни за случајот и на нивно приведување – изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Од МВР, по експлозиите во Тетово и во Куманово, соопштија дека не станува збор за напади на полициски станици, туку дека детонациите биле надвор од објектите.

Коминике, потпишано од истиот „Командант Куштрим“, беше испратено минатиот месец, во кое т.н. ОНА соопшти дека ја презема одговорноста за нападот на владината зграда на булеварот Илинден, што се случи на 28 октомври.

Од МВР велат дека по извршените проверки било утврдено дека предходното коминике било пратено од електронска ИП-адреса во Швајцарија.

Јавното обивнителство и полицијата немаат осомничени за нападот на владината зграда и сè уште го истражуваат случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...