fbpx

Повторно дезинформации дека корона вирусот е „американско оружје“

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Faktograf.hr раскринкува една дезинформација што е долго присутна на социјалните мрежи – дека новиот корона вирус COVID-19 е биолошко оружје на САД против Кина и Италија. Непосреден повод е објавата на ваквите тврдења на Фејсбук-страницатa на хрватската политичка партија „Promijenimo Hrvatsku“ (Да ја измениме Хрватска).

Но, според последните податоци, во САД се идентификувани повеќе од 3.600 заразени, а заразата предизвика пад и на берзата во Њујорк, и тоа тврдења е крајно нелогично, пишува Faktograf.hr.

Исто така, има многу научни елаборации, вклучително и писма на значителен број научници во угледниот магазин „Лансет“, кои јасно ја отфрлаат ваквата шпекулација, пишува сервисот.

Босанскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ , пак, се зафати со оповргнување лажна вест дека Милорад Додик, српскиот член во претседателството на БиХ е заразен со COVID-19.

Дезинформацијата се појавила на порталот „Krvavi balkan“ (Крвав Балкан), кој нема импресум, а таа не била објавена на ниту еден друг портал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...