Регулаторната комисија за енергетика информираше дека бензинот поевтинува за еден и половина денар, а дизелот за половина денар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 1,5 денар за еден литар и ќе изнесува 73,5 денари.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1 денар и од полноќ ќе се точи по 72 денари за еден литар.

Дизелот поевтинува за половина денар и од полноќ, неговата цена ќе изнесува 62 денари за еден литар.