fbpx

Поврзување на бизнисот и на информатичката технологија – главна тема на годинашната конференција на „Мајкрософт“

-

„Мајкрософт Македонија“ следниот месец, на 16 и на 17 ноември, ќе одржи конференција насловена „Мајкрософт визија: рилоудед“, на која ќе присуствуваат повеќе од 300 директори, менаџери и професионалци од ИТ-секторот од повеќе земји.

„Сите тие ќе бидат дел од новата, освежена и дополнета „Мајкрософт визија конференција“, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, а од годинава и најголемиот настан што ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор. „Мајкрософт визија: релоудед“ ја раскажува новата приказна за интегрираните бизнис-решенија на „Мајкрософт“. Во три предавања ќе бидат презентирани потенцијалите на дигиталната трансформација на денешното време и можностите за зголемување на продуктивноста, користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот, односно како да се направи повеќе, побрзо и со помалку“, стои во соопштението на „Мајкрософт Македонија“.

Главен говорник на конференцијата ќе биде Мајкл Кугелер, генерален директор за регионот кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. На настанот ќе се обратат и Петар Иванов, генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија, Бугарија и за Косово и Љупчо Георгиев, директор на „Мајкрософт“ за Македонија и за Косово.

– Нашата стратегија е да го трансформираме работниот простор преку наjдобрите облак-решениjа на „Мајксоофт“, кои ќе им помогнат на нашите клиенти да ги стават своите податоци во функција, да ја зголемат продуктивноста на својот бизнис, како и да заштедат пари преку еволуциjа на работните процеси. Целта на „Мајкрософт“ е да им дадеме на луѓето комплетна контрола над своето време за да можат да ги завршат сите работи – во секое време, на секое место и на која било направа“, изјави Љупчо Георгиев, директор на „Мајкрософт“ за Македонија и за Косово.

На конференција, меѓу другото, „Мајкрософт Македонија“ во соработка со „Цертиадриа“ ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот „мајкрософт офис спешлст“.

Регистрацијата за учество на конференцијата се врши преку официјалната веб-страница: www.vizijareloaded.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...