На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24) од Германија, при скок во езерските води се здобило со повреди.
Повредениот турист бил пренесен со пловен објект до градското пристаниште, каде бил повикан екипа на Итната медицинска помош. По пристигнувањето на медицинската екипа, М.Ј.Б. бил прегледан и му била обезбедена соодветна помош.