Калзо (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги анализираше ставовите и преговорите  помеѓу Демократската лига на Косово (ДЛК) и Движењето Самоопределување за формирање на косовската Влада.

ДЛК и Самоопределување се откажаа од првичните нивни барања за функциите „претседател“ и „спикер“. Овие повлекувања го отворија патот за формирање на Владата, но претходно „цврстите ставови” на двете партии за овие позиции предизвикаа застој во преговорите и тоа од 26 декември, кога  за претседател на Собранието на Косово беше избран Глаук Коњуфца од редовите на Самоопределување.

Имено, ДЛК отпрвин бараше договор за нивен кандидат за идниот претседател пред формирање на коалицијата, а ДС не сакаше да го пушти местото на претседател на Собранието за кое претходно имаа согласност дека му припаѓа на ДЛК.

Но, двете страни се повлекоа од „бетонираните” позиции за овие високи државни позиции. За претседателот, партнерите се договорија да има договор кога ќе заврши мандатот на актуелниот претседател. Спикерот Глаук Коњуфца, пак, се повлече, за да му го отстапи местото на Вјоса Османи од ДЛК.

Па, имајќи го сето ова предвид Калзо, споменатите изјави на ДЛК и Самоопределување ги оцени како  недоследни.