Повлечени споровите против државата, по донесувањето на законот за енергетика

-

Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ги повлече поднесените барања за спорови против Македонија, соопштија од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„По серија на јавни расправи во кои беа вклучени сите засегнати страни, во транспарентна постапка, Собранието на 21 мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во кој се транспонирани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет. Со новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот од кого ќе се снабдува со енергија, а воедно и се исполнуваат условите за отворање на пазарот на електрична енергија, што ќе донесе поголема конкуренција и подобар квалитет на услугите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат дека законот требаше да биде донесен најдоцна до 1 јануари 2015 година, а поради ненавременото исполнување на превземените обврски од Европската унија и не транспонирање на Третиот енергетски пакет, Секретаријатот на Енергетската заедница имаше покренато постапки за спорови кон Македонија.

Нивото на морската вода изминативе години расте поради климатските промени

Светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880 година. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99...