fbpx

Повисоки плати ќе побараат синдикатите, на протест во Штип во сабота

-

Десетина гранкови синдикати, членки на Конфедерацијата на самостојни синдикати (КСС) ќе излезат на протест во Штип, во сабота. На прес-конференција во Штип, претседателот на СОНК, Јаким Неделков кажа дека главните барање се зголемување на платите за 25 отсто, но има и повеќе други барања, како што е вклучување на синдикатите во најавените реформи и почеток на  дијалог со владата.

-Нашето барање за зголемувањето на платите да почне од први јануари 2019 година, беше упатено поодамна, а не со септемвриска плата во октомври 2019 и не за пет проценти како што е најавено, туку за многу повисок процент, со кои би се изедначиле со платите на национално ниво. Ако една воспитувачка има 20.000 денари плата, или еден наставник 22.000 плата, ако знаеме дека просечната плата е близу 25.000 денари, тогаш лесно се заклучува дека платите во секторот се под просекот и треба да се зголемат – изјави Неделков.

Главната забелешка на синдикатите е дека реформите се спроведуваат без синдикатите, како што е најавата за трансформација на работен однос од јавен во приватен сектор. СОНК конкретно бара нивни членови да бидат вклучени, пред воведувањето на новите реформи во средното образование, што се најавуват за септември. Синдикатите бараат да бидат информирани и да го кажат својот став.

На јавно искажаните реакции зошто ККС и СОНК не протестирале порано, во време на ВМРО-ДПМНЕ, туку сега, Неделков вели дека синдикалната борба не престанува.

-Неосновани се реакциите, еве, последно искажано незадоволство во време на ВМРО-ДПМНЕ имавме 2015 година, кога штрајкувавме скоро две недели за состојбите во дејностите што ги застапуваме – одговори претседателот на СОНК.

Протестот во Штип во сабота ќе започне во 12 часот, со собир пред Градскиот плоштад, ќе се формира поворка, која ќе помине низ центарот и повторно се враќа на плоштадот, каде претставници на повеќе синдикати ќе се обратат пред присутните. Од ККС очекуваат присуство на вработените во овие сектори и нивни членови, бидејќи протестот е во неработен ден, што значи, како што рекоа од синдикатите, нема изговор за неприсуство. Како што вели Неделков, треба да се мисли на себе и сопственото семејство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...