Повик за учество во седмото издание на „Game Design How To?“

Фото: МЗДС Академија

МЗДС Академијата за визуелни уметности отвора повик за учество на едукативниот настан за изработување на игри и филмови, „Game Design How To?“ во соработка со „Epic Games“.

„Време е да ја разбудиме вашата креативна страна. Доколку имате амбиции да изработувате игри и филмови, искористете го вашето слободно време да освоите вредни награди“, се вели во повикот. 

Настанот ќе се одржи во живо во МЗДС Академијата за визуелни уметности. Сите заинтересирани може да се пријават ТУКА и притоа да изберат еден ден за учество од 13 јуни до 1 јули. Финалето и доделувањето на награди ќе се одржат на 2 јули. 

Покрај наградите секој учесник ќе добие сертификат и попуст за учење во МЗДС Академијата.