Повик за учество во 24 часовниот маратон „Shoot4Earth“за едноминутни филмови со еколошка содржина

Фото: Фејсбук страна на Shoot4Earth

Меѓународниот филмски маратон за кратки филмови „Shoot4Earth“ што оваа година ќе се одржува на 14 и 15 мај. Сите заинтересирани може да се пријават за учество до почетокот на натпреварот на официјалната страна на програмата www.shoot4earth.org.

Станува збор за невообичаен фестивал, односно натпревар во организација на Универзитетот во Печ, во градот Сексзард во Унгарија, Факултет за културни науки, образование и регионален развој, HATV, САД, Њујорк и Pixeltv.hu, Унгарија.

Сите кои сакаат да учествуваат треба да снимат свој филм во времетраење од 60 секунди и во период од 24 часа да го прикачат на Јутјуб, а потоа заедно со општи податоци за себе да го испратат на е-адресата: [email protected].

„Целта е да се подигне свеста за промените што треба да се вметнат во нашите навики за секојдневна консумација на работите што ја загадуваат планетата. Се надеваме дека со помош на филмот ќе успееме да ги поттикнеме луѓето да ја чуваат Сината планета погодна за живеење долго време за таа да опстои како заеднички дом за сите луѓе“, велат од организацијата.

Натпреварот започнува на 14 мај во 10 часот, односно согласно временските зони во различни подрачја од светот. Крајниот рок за испраќање на сработените филмови е 15 мај, а победниците ќе се објават на 17 мај.

Повикот е отворен за сите без ограничување на возраст, образование или националност и може да се учествува самостојно или со тим. Исто така филмовите може да се снимаат со мобилен телефон, дигитална камера или било кој друг вид на камера за снимање и за истите нема жанровско огрнаичување, тие може да бидат кратки филмови, видео клипови или анимација.

Доколку има било каков дијалог во филмот истиот треба да биде преведен на англиски јазик, а во однос на монтирање може да се користи било која програма.

Од организацијата наведуваат дека е забрането користење на претходно направени снимки и филмовите ќе бидат оценувани од професионалци во филмската индустрија. Весна Ристовска од „Мобил фестивал“ од Македонија исто така ќе биде дел од меѓународното жири.