Повик за учество на фото конкурс на темата „Водата. Човекот. Државата.“

По повод Светскиот ден на водата – 22 Март, Water4Changes објави фото-конкурс за учество на изложба на тема „Водата. Човекот. Државата.” Најдобрите 15 фотографии од конкурсот ќе бидат изложени во просториите на Културниот Центар на општина Центар – „Јадро” на 22 март 2021 година.

Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите фотографии на мејлот [email protected] не подоцна од 17.03.2021 година. Фотографиите може да бидат едитирани. Може да бидат сликани со телефон или фотоапарат. Аматерски фотографии се исто така добредојдени. Форматот на фотографијата треба да биде А4.

Фотографиите ќе бидат оценувани од четиричлено жири, а најкреативните три фотографии ќе бидат наградени со симболични награди.

„Целта на оваа изложба е подигање на свесноста за значајноста на водата и потребата од воведување на правото на чиста вода и санитација како основно човеково право во Уставот на Република Северна Македонија“, велат од Water4Changes.