fbpx

Повик за продажба на руинираната фабрика за сапун „Цветан Димов“

-

Повик за продажба на државно градежно неизградено земјиште лоцирано на местото на руинираната стара фабрика за сапун „Цветан Димов“, наменето за изградба на станбена зграда, објави денеска Општина Кисела Вода.

Градежната парцела од 4.403 квадратни метри, со површина за градење од 2.548 квадратни метри, ќе се продава по пат на јавно наддавање.

Почетната цена на јавното наддавање за градежните парцели е 4.300 денари за еден квадратен метар. Пријавите за учество може да се достават до 15 декември на интернет-адресата www.gradezno-zemjiste.mk, преку која ќе се одвива наддавањето на 19 следниот месец во 11 часот, а ќе трае 15 минути. Ќе се врши чекорно наддавање со зголемување на вредноста на секој чекор не помалку од 430 денари.

Вкупниот депозит за учество на наддавањето изнесува 1.950.000 денари, а банкарската гаранција е со износ од 20.000 евра.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...