Повик до училиштата за меѓународниот натпревар „Европски квиз на пари“

фото: Македонска банкарска асоцијација (МБА)

Македонската банкарска асоцијација (МБА) информираше дека петти пат го организира натпреварот „Европски квиз на пари“, којшто е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на ученици од 13 до 15 години. Натпреварот се реализира во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) и Комисијата за хартии од вредност.

МБА го објави повикот до основните и средните училишта да пријават одделенија или класови за учество на националниот натпревар во земјава. Пријавите треба да се достават најдоцна до 17 февруари, на интернет-страницата на МБА или на електронската адреса [email protected].

Како што информираа од Македонската банкарска асоцијација, Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – национални натпревари во секоја земја и европското финале на кое учествуваат победниците на националните натпревари.

Националниот натпревар во Северна Македонија ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите, од 20 до 26 март, во два круга. Првиот ќе биде онлајн натпревар за селекција на најдобрите три тима, додека во вториот круг најдобрите три тима со физичко присуство ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион.

Повеќе информации за повикот и условите за учество може да се најдат на следниов линк.