Повеќе од 30 Палестинци убиени при обидот да стигнат до пункт за храна

Според очевидци, израелските сили отвориле оган додека Палестинците се упатиле кон локацијата за дистрибуција на помош во Рафа

Газа, јануари 2025 г. | Фото: Jaber Jehad Badwan, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Палестинци биле убиени од израелски оган додека се обидувале да стасаат до пункт за храна во Газа, пренесува „Гардијан“. Очевидци велат дека израелските сили отвориле оган врз луѓето во близина на дистрибутивната станица управувана од фондацијата поддржана од Израел.

Според очевидци, израелските сили отвориле оган додека Палестинците се упатиле кон локацијата за дистрибуција на помош во Рафа, управувана од Хуманитарната фондација Газа (ГХФ).

„Мојот брат отиде да прими помош од американските дистрибутивни пунктови во Рафах кога куршумите почнаа да паѓаат врз нив“, рече Јарин Абу ал-Наџа (44).

„Израелските војници почнаа да пукаат врз луѓето таму. Брат ми отиде со двајца негови пријатели. Еден од нив беше критично повреден во главата, другиот беше убиен, а брат ми беше застрелан во грб“.