fbpx

Повеќе апели за хуманитарна помош за нaстраданите во војната во Украина

-

Битките во Украина не стивнуваат. Според најновите податци кои ги објавија светските медиуми во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков убиен е најмалку 21 цивил, а 112 се ранети.

Бидејќи во рушевините кои остануваат од гранатирањата многумина губат сѐ, претседателот на Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, Александр Урбанович упати апел за донации за помош на украинското население.

Урбанович порача дека во скопската населба Ѓорче Петров е отворен пункт на собирање на хуманитарна помош  кој е отворен секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот.

„Секоја помош е добредојдена!“, нагласи во апелот кој Урбанович го сподели на Фејсбук.

Покрај локацијата каде може да се донира тој сподели и листа со работи кои во моментов се најпотребни, како конзервирана храна, житарики, топла облека и обувки, постелнини, шатори, душеци, вреќи за спиење, средства за хигиена како и медицинска опрема и лекови.

Од здружението за заштита на животните Анима Мунди, со оглед дека сирените, пукотниците и детонациите ги престрашуваат не само луѓето што бегаат од населените места каде што се водат борби, па тие бегајќи со себе ги земаат и своите миленичиња, а луѓето кои се грижат за животните во шелтерите не ги оставаат, за донации се обратија до љубителите на животните.

Тие се во контакт со украинската организација за заштита на животните UAnimals (http://instagram.com/uanimals.official/) и повеќе европски организации за состојбата во Украина.

„Волонтерите, активистите во Украина се сè уште со животните во шелтерите и покрај тоа што нивните животи се загрозени – не ги оставаат. Нив им е потребна помош бидејќи резервите со храна за животните се празнат“, велат од Анима Мунди со молба кон секој кој што е во можност да се претплати за месечна членарина на следниот линк https://www.patreon.com/uanimals со сума според можностите на лицата кои би сакале да донираат.

Исто така нагласуваат дека претплатата може да биде и еднократна, а членарината може да се откаже во било кое време.

Црвениот крст на Република Северна Македонија веќе одвои 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на украинскиот Црвен крст како солидарна помош за населението во Украина.

Исто така информираат дека до 15 март може да се донираат средства за настрадалното население во Украина. Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош и да се вклучат во апелот што го упати украинскиот Црвен крст на следните начини:

– на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за население во Украина.

– со донирање на 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400.
Донациите на средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...