fbpx

Повеќе од 700 битолчани биле тужени, па амнестирани од Фондот за здравство

-

Повеќе од 700 битолчани нема да бидат кривично гонети поради неточно пријавување на годишните приходи за добивање здравстено осигурување за изминатите години, потврди денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски, при посетата на подрачната единица на фондот во Битола.

Преку 20.000 лица во државата од непознавање на законите или од други причини неточно ги пријавиле сумите на годишните приходи при пријавување за здравстевно осигурување, по што судовите донесоа одлука дека тие се виновни и им изрекоа дури и условни казни затвор. Сега веќе се ослободени од кривично гонење.

– Со измените на законот за здравствено осигурување, ги ослободивме од надомест на штета и од кривично гонење преку 700 битолчани. Тоа е една од придобивките кои директно им ги пренесуваме на осигурениците при вакви посети – рече Стефановски.

Од Фондот најавуваат дека веќе се подготвуваат за нов прокет за отпис на камати кој ќе биде значаен и за фирмите и за поединците кои во изминатиот период создале долг кон Фондот за здравствено осигурување.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...