fbpx

Повеќе од 300 лекари заминале од Македонија

-

Штипската Итна помош остана без прв човек откако началничката Сунчица Постолова замина на работа во Германија. Доктор Постолова се придружи на неколку десетина млади лекари од Источна Македонија, кои последната година заминаа на работа во германските болници. Итната помош во Штип претходно ја напушти уште еден лекар, кој замина во Германија. Од Здравствениот дом велат дека одливот на лекари од примарната медицина е поголем, за разлика од болницата, каде специјалистите се врзани со договор или по годините усовршување, потешко се решаваат за заминат во странство.

Во кочанските села се затворија три ординации. Две од трите селски амбуланти се затворија откако матичните лекари заминаа во странство. Селските амбуланти тешко се пополнуваат со лекари. Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова – Дервишова, вели дека тоа е поради фактот што давачките за одржување на ординациите се големи, а и лекарите тешко се решаваат да работат во селски средини. Не помалку влијае и изборот на пацинетите на лекар во места каде има аптека, од каде веднаш ќе можат да се снабдат со лекови.
Меѓутоа, трендот на миграција на лекарите во странство, главно во Германија, се одразува во сите делови од земјава. На социјалната мрежа „Фејсбук“, активна е група со повеќе од 600 членови „Здружение на македонски лекари во Германија“, додека во групата „Доктори што учат германски“ можат да се најдат совети како да се најде литература и брзи курсеви по германски јазик, како и за учење на јазикот на интернет. Во двете групи има искуства на македонски лекари од медицинската практика во Германија и детали околу постапката и потребната документација.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Чолакова-Дервишова, изјави дека запрепастувачка е бројката на млади лекари кои заминуваат во странство. Според нивните пресметки, сметано по градови, околу 300 лекари заминале во текот на 2013 и на 2014 година.

Регионалната организација „Хелтгрупер“ ја истражуваше миграцијата на лекарите во Македонија, Албанија, Србија и во Косово. Во заклучоците се нотирани неколку причини за миграцијата, која „Хелтгрупер“ ја оценува како глобален феномен.

„Проблемите и причините за миграцијата, ова истражување ги групира во пет основни категории: економски, професионални, политички, лични и социјални причини за миграција, дополнети со прашања кои го опфаќаат и индексот на задоволство од професијата. При тоа во сите земји се констатирани разлики во причините за интересот за отселување во странство во зависност од возрасната структура на лекарите. Така, на пример, младите лекари во Македонија, Албанија, Србија и во Косово се многу порешени за миграција од повозрасните. Нивните основни причини се можностите за професионален развој, како и повисоките примања. Кај овие лекари покрај економските проблеми, се присутни и политички причини поради кои би се отселиле во странство. Имено, во фокус на дискусите со лекарите во Албанија, Србија и во Македонија, младите лекари директно ги поврзуваат можностите за вработување со политичките конекции. Влијанието на политиката во делот на вработувањето и на развојот на кариерата е речиси еднакво застапено како фактор, кој неминовно придонесува за одливот на разочарани кадри од овие земји“, стои во заклучоците од истражувањето на „Хелтгрупер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...