fbpx

Повеќе од 30.000 тужби од БЕГ за исклучените граѓани

-

Се проценува дека повеќе од 4.000 граѓани се соочуваат со извршни судски решенија бидејќи, иако не користат парно греење, треба да плаќаат за цевките што минуваат низ нивните станови, пренесува БИРН.

Точниот број на исклучени корисници не е познат затоа што ниту од стара „Топлификација“, ниту од сегашниот снабдувач со топлинска енергија, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), не даваат податоци. Според слободни пресметки на исклучените граѓани, од топлификациската мрежа до 2012 година се исклучиле половина од корисниците, односно околу 20.000 граѓани. Дел од нив, околу 8.000, под притисок на извршители и поради тужби, повторно се вратиле во системот, додека 12.000 останале исклучени. Од нив, околу 4.000 не сакаат да плаќаат за т.н. додаток за ангажирана моќност, односно за поминувањето на цевките од топлификациската мрежа низ нивните станови.

Поради тоа, компанијата БЕГ одлучува да ги тужи. Бројот на тужби постојано се зголемува, бидејќи граѓаните кои не сакаат да платат за додатокот, добиваат нова тужба на секои шест месеци. Оттука, според проценката на здружението што ги штити интересите на овие граѓани, „Но пасаран“, вкупниот број на тужби по оваа основа е повеќе од 30.000.

Повеќе прочитајте тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...