fbpx

Повеќе од половина милион евра за српски таблоиди што шират лажни вести

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за борба против дезинформациите и лажните вести raskrikavanje.rs се зафати со горливата тема на владината поддршка за српските таблоиди што објавуваат дезинформации и лажни вести. Како што пишува сервисот, четири српски таблоиди на чии насловни страници минатата година raskrikavanje.rs пронашол само малку помалку од 950 лажни вести, во истата таа година преку државни тендери добиле повеќе од 600.000 евра.

„Ова е уште еден начин на државно финансирање на овие медиуми, покрај парите што ги добиваат на конкурсите на локалните самоуправи“, нагласува сервисот за борба против лажните вести.

Според регистарот на јавните набавки,„Медијска мрежа“, фирмата сопственик на „Српски телеграф“ во минатата година победила на најмалку 16 тендери и потпишала милионски договори. Преку јавни набавки за огласување и маркетинг на бројни државни институции и локални самоуправи, таа фирма во 2019 година добила околу 28 милиони динари (околу 240.000 евра). Најголемите договори биле со Министерството за стопанство, Електростипанство на Србија, како и Управата за царини, со градот Нови Сад и со Републичката дирекција за имот.

„Ало медиа систем“, издавачот на таблоидот „Ало“ исто така имал профитабилна соработка со државата во 2019 година, со најмалку 15 договори вредни, исто како во погорниот случај, нешто повеќе од 28 милиони динари (околу 240.000 евра).

Најголеми партнери на овој таблоид биле градовите Нови Сад и Ниш и Пошта на Србија.

„Ало беше еден од таблоидите што минатата година преку јавна набавка доби пари и од Пошта на Србија, поточно 3,7 милиони динари. Тоа јавно претпријатие распиша тендер за огласување, а еден од договорите е потпишан со „Ало“. Интересно е што условот за еден дневен весник да победи на тој дел на тендерот беше да има спортски додаток што излегува токму во четврток. Од сите дневни весници што се издаваат во Србија, само „Ало“ објавува таков додаток во четврток“, пишува raskrikavanje.rs.

И „Информер“ и „Курир“ имале соработка со државата, но не толку профитабилна како таа на претходните два таблоиди. „Курир“ инкасирал нешто помалку од 13 милиони динари (околу 110.000 евра), најмногу преку договор со Електростопанство на Србија и јавниот радиодифузер РТС.

„Инсајдер тим д.о.о“, издавачот на „Информер“, потпишал договори вредни околу 7 милиони динари (околу 60.000 евра) со Електростопанство на Србија, градот Кикинда, Државната лотарија на Србија и Туристичката организација на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...