fbpx

Повеќе извезуваме отколку што увезуваме отпад

-

Македонските компании одамна увезуваат и извезуваат отпад кој главно се користи како „гориво“ и суровина во производни процеси во различни дејности, а пред се металната и хемиската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика за трговската размена, нашата земја во периодот  2013-2017 година повеќе извезувала отколку што увезувала отпад.

Одделот „услуги за собирање, обработка и отстранување отпад, рециклирање на материјали“ забележува тренд на најзначително учество во стоковната размена на отпад во периодот  2015 – 2017 година.

Во 2017 година извозот на отпад во одделот „тутунски производи“ бележи намалување од 52 отсто во споредба со претходната 2016 година, додека на увозната страна се забележува намалување од 57 отсто кај одделот „текстил“.

Инаку според регулативата се забранува увоз на отпад на територијата на нашата држава за складирање и за отстранување, како и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот.

„Дозволен е увоз на отпад што може безбедно да се преработи, да се користи како суровина или да се користи како извор на енергија. Дозволен е извоз на отпад којшто може да се преработи и отстрани без опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето во земјата увозник. Увоз, извоз и транзит на опасен отпад во Македонија се врши според Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање“, пишува во регулативата објавена од Министерството за животна средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...