Дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје се приклучи во кампањата #СедиДома, овозможувајќи колекција од повеќе од 200 бесплатни филмови онлајн преку сопствената домашна онлајн видеотека „Синесквер“ (Cinesquare).

„Во време кога вратите на кината остануваат затворени во догледен период и препораките сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на корона вирусот, до крајот на месецот преку платформата „Синесквер“ нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници. Само регистрација на cinesquare.net или на „Aндроид“ апликацијата достапна на „Гугл плеј“ е доволно да се пристапи кон бесплатните содржини во оваа понуда,“ информираат од компанијата.

Од таму додаваат дека не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови меѓу кои и на македонски јазик.